fbpx

Почетна

Добродојдовте во поликлиника Дентал Арт!

Дентал Арт е современа стоматолошка поликлиника основана во 2006 – која располага со експертизата на 5 доктори специјалисти и асистенти со повеќе од десетгодишно искуство. Вам Ви овозможуваме професионални стоматолошки третмани по најдобри цени!

Нашата мисија: Креираме здрави и убави насмевки!

Со цел да ја реализираме нашата мисија ние:

- сме посветени да им овозможиме целосна достапност и конзистентност на нашите пациенти со вработени кои се тука со полно работно време;

- промовираме удобна, релаксирачка и топла клиничка средина за возрасни, како и за деца;

- ја користиме најсовремената високо-квалитетна технологија и материјали за да го обезбедиме најдобриот третман за пациентот, во најбрз можен рок;

-се грижиме за благосостојбата на нашите пациенти – обезбедувајќи го највисокото ниво на хигиена во нашата клиника и безболни ласерски третмани.

Успешните приказни зад нас се синергија на квалитетните третмани и одлични цени.

Во исчекување сме да Ви посакаме „добредојде“ во нашето стоматолошко семејство!

Закажете го Вашиот преглед денес!

Потребна Ви е итна помош? Побарајте нé!

+389 2 3239 360
Кои сме ние?

Нашата мисија: Креираме здрави и убави насмевки!

Дентал Арт Тим

Само високо квалификувани стоматолози

Нашиот тим располага со специјалисти кои имаат неизмерно долгогодишно искуство!

Високо квалификувани стоматолози

Тим од професионалци

Спец. д-р Јана Милутиновиќ

Спец. по пародонтологија

Д-р Александра Николовска

Општ стоматолог
10 причини зошто луѓето нé избираат нас:
  1. Повеќе од 10 години искуство;
  2. Целосна орална нега на највисоко ниво;
  3. Инклузивни стоматолошки услуги;
  4. Долготрајни убави насмевки;
  5. Фер цени;
  6. Нема болка;
  7. Водечка технологија;
  8. Хигиена на највисоко ниво;
  9. Само високо квалификувани специјалисти во областа на стоматологијата;
  10. Лоцирани во центарот на градот
Повеќе за нас
Нашите клиенти ги оценија нашите услуги:
Имплантологија 98%
Болести на непца 99%
Естетска стоматологија 100%
Ортодонција 98%

Нашите пациенти кажуваат:

Повеќе од 6 години нашите насмевки ги доверуваме на Др. Соња Ристеска Стојаноска и нејзиниот тим – јас, мојата сопруга и нашите ќерки. Живееме во Норвешка и изминатава година патувавме до Скопје за било што и да ни беше потребно. Др. Соња остана нашиот стоматолог. Зошто го правевме тоа? Заради довербата во др. Соња и нејзиниот тим. Да бидам искрен, болката во забите беше се поголема после секоја посета на стоматолог. Овде не е така, никаква болка, а дури ни финансиски не „болеше“. Девојките ставија фиксни протези. После еден месец носење резултатите беа ФАНТАСТИЧНИ. Ги препорачувам од се срце за што и да ви треба. Мислам дека нема подобра гаранција за квалитетот од задоволен муштерија! Фала ти др. Соња и мислам дека нашиот следен термин ќе биде наскоро. Убаво лето на сите со блескави насмевки!

Х.И. (Норвешка)

Имав прилика да работам со Дентал Арт, др. Соња и го имав најдоброто искуство возможно кое искрено го препорачувам. После 4 години носење фиксни протези во друга стоматолошка ординација, успејаа да најдат совршено решение за мојот случај и го реализираа само за неколку месеци – како што планираа. Случајот беше доста комплициран: бараше дополнителни предни заби и да се направи простор за нив. Бев ислушан, советуван и имав можност да избирам низ целиот процес имајќи го предвид моето здравје, очекувања и финансиски можности. Бев третиран како ВИП личност, а резултатот е извонреден. Срдечно ги препорачувам Дентал Арт и доколку е потребно ќе дадам дополнителни информации во порака.

А.С. (Република Македонија)

Само најдобрите препораки за овие дечки! Многу ми е драго што ми беа препорачани од мој пријател кој имал третман во Дентал Арт Поликлиника кога патувал во Македонија. Беше многу задоволен од нивната работа, квалитет и професиналност со насмевка. Се јавив во клиниката и дискутиравме за мојот третман пред да патувам, имајќи предвид дека времетраењето на патувањето и времето на располагање ми беа од големо значење. Им ги пратив моите снимки и ги консултирав. Од првиот пат кога слетав во Скопје и првата посета ја искусив истата нега и професионалност. Одлично се подготвени, користат најсовремена опрема и квалитетни материјали. Тие се многу вешти и работат одлично како тим, се израдував кога видов дека стоматолози имаат заеднички консултации и дискутираат за најдобрите опции уште пред да започнат со мојот третман. Имав и помали и поголеми зафати кај нив. Поголемиот зафат беше доста комплексна процедура која вклучуваше хируршка операција. Бев многу задоволен што имав стоматолог којшто беше специјалист во своето поле за секој од третманот што го имав. Требаше да патувам таму по препорака дури од Сиднеј, Австралија. Не се каам што требаше да пропатувам толку километри. (За сите интернационални потенцијални пациенти, можете да отседнете во Скопје, има што да се види и да се прави. Направете си „Дентален одмор“ 🙂 ) Среќен сум затоа што се што требаше да направам за забите го направив во нивната клиника во Скопје. Се беше завршено навреме. Задоволен сум со се што сработија и со задоволство ги препорачувам на сите оние на кои им е потребна професионална и квалитетна стоматолошка услуга.

Д.А. (Сиднеј, Австралија)

Позитивна енергија од прави професионалци. ?

М.Н.

Совршено сработена работа за мојата Холивудска насмевка и поправањето на 2 заба на мојот сопруг! Живееме со години во Дубаи и бевме кај неколку стоматолози но искуството во Дентал Арт Поликлиниката во Македонија од др. Соња Ристеска беше извонредно. Клиниката е толку чиста и организирана со најсовремената опрема и материјали. Др. Соња ми беше препорачана од целото семејство. Крајно професионална – од консултациите до крајниот резултат, внимателна за да испорача квалитетна услуга, полна со знаење, многу искусна и секогаш насмеана позитивна личност. Исто така, би сакала да ги спомнам и останатите луѓе во клиниката. Тие се многу пријателски настроени, секогаш од помош и полни со поддршка. Пример за тимска работа! Целосно ја препорачувам др. Соња Ристеска – Поликлиника Дентал Арт Скопје.
Конечно ја имам мојата самоуверена Холивудска насмевка! ?

? За целата ваша работа!

И.В. (Дубаи)

Најпрофесионалниот тим во Скопје. Ги ставив моите протези тука и никогаш немав лошо искуство. Сега сум многу задоволна со мојата насмевка. Др. Соња прави ЧУДА и ги остварува соништата. ??? Продолжете со добрата работа!

Н.Ј.

Убедливо најдобри <3 Најдобриот и најстручниот тим. Благодарение на вас ја имам насмевката што од секогаш сум ја посакувала!!!

А.Д (Скопје)

Ветувам дека ќе ја препорачувам вашата експертиза, професионалност, одлична услуга и целата ваша позитивна енергија на секој познаник којшто го имам!

В.Н. (Република Македонија)

Чиста 5ка сте !!!

Д. С.

Со забите кршам ореви
☆☆☆☆☆ Се шегувам сите ѕвезди сте ги заслужиле.

И. Г.

Тука сме за да Ви помогнеме!

Контакт
Адолф Циборовски бр. 20/2aСкопје
+389 2 3239 360+389 78 254 030
contact@dental-art.com.mk
Пон - Пет: 09:00 - 20:00

Начини на плаќање

Плаќање во готово со денари
Плаќање со дебитна / кредитна картичка
Плаќање до 12 месечни ратисо Diners картичка
Cashback со НЛБ Happy картичка

Закажете преглед за Вашата насмевка !

+389 2 3239 360