fbpx
Превенција во рана возраст (детство)

Залевачи

Залевањето на фисури е безбедна и безболна метода која ги штити забите на Вашите деца од кариес. Залевачот претставува пластичен заштитен слој кој се аплицира на гризните површини на трајните заби. Тој оневозможува храната и бактериите да дојдат до најмалите вдлабнатини на забот и да предизвикаат создавање на кариес.

Залевањето се прави веднаш по никнување на трајните први молари, вообичаено помеѓу 6-та и 7-та година, а на останатите премолари и молари може да се направи веднаш штом се појават,  помеѓу 10-14 години.

 

 

Флуор профилакса

Флуорот е минерал кој се наоѓа природно во сите извори на вода, вклучително и океаните. Одредени истражувања покажале дека флуорот не само што го редуцира кариесот кај деца и возрасни, туку и помага да се излечи кариесот во рана фаза, уште пред да биде видлив. Тој е најдобриот борец против кариес кој помага да останат забите цврсти на целата фамилија – без оглед на нивната возраст.

Флуорот може да биде аплициран топично (површински) и системски.

  • Флуорот за површинска апликација ги зацврстува забите кои веќе се во усната шуплина, правејќи ги отпорни на кариес. Истиот предизвикува реминерализација на емајлот и спречува бактериски метаболизам, редуцирајќи го растот на плак. Формите на апликација на површински флуор вклучуваат пасти за заби, гелови, раствори за плакнење и професионално аплицирани флуорни терапии.
  • Системската апликација на флуор означува консумација (голтање) на флуор и учествува во формирањето на забната структура. Системскиот флуор исто така ја надополнува површинската заштита затоа што е присутен и во плунката, која што постојано ги обложува забите. Намирниците преку кои се консумира флуор вклучуваат водна флуоризација или суплементи во форма на таблети, капки или пастили.

Закажете си термин и дозволете ни да се погрижиме за Вашите заби со професионална апликација на флуор паста за заби.