fbpx

Решавање на рецесии

Решавање на рецесии

 

Рецесија на непцата претставува повлекување на нивниот маргинален раб на гингивата (непцето) при што дел од коренот се експонира и забите изгледаат подолги. Рецесијата е чест проблем.

Бидејќи процесот се одвива постепено, повеќето луѓе не се свесни дека имаат рецесија. Првиот знак е чуствителност при конзумација на студена храна и напитоци, а веќе наредната фаза е видливо издолжувањето на забот.

Рецесијата не е проблем кој треба да биде игнориран. Повлекувањето на околното ткиво кое има заштитна функција и го заобиколува забот, може да ја олесни акумулацијата на бактерии и нивно пенетрирање во подлабоките слоеви на ткивата кое означува и продлабочување на проблемот. Исто така коренот на забот е поподложен на кариес во споредба со коронката на забот. Од друга страна, издолжените заби даваат повозрасен лик и представуваат естетски проблем.  Не треба да се занемари и дискомфортот кој пациентите го чуствуваат на студена дразба.

Современата пародонтологија нуди процедури кои се дизајнирани да ги покриваат изложените корени и со тоа да ги заштитат од понатамошно оштетување. Доколку сакате да погледнете видео од третманот на рецесии кликнете тука.