fbpx

Мобилни апарати

Мобилни апарати

Современиот ортодонтски пристап ги употребува фиксните и мобилните апарати. Иако мобилните апарати имаат само споредна улога во сеопфатните третмани денес, тие се важен дел од третманите за деца, дополнителни третмани за возрасни и ретенција за сите пациенти. Мобилните апарати имаат две очигледни предности: можат да се тргнат кога пациентот е во социјално окружување и не сака да ги носи, што ги прави поприфатливи за нив, и потребно е помалку време во ординација затоа што се изработуваат во технички ординации наместо да се поставуваат директно во устата. Покрај тоа, овие апарати овозможуваат и третман за водење на растот кој може полесно да се изведе во споредба со фиксните апарати. Ваквите предности овозможуваат континуиран интерес  за мобилните апарати како кај пациентите така и кај стоматолозите. Меѓутоа мобилните апарати поседуваат и некои недостатоци: резултатот од третманот силно зависи од одговорноста на самиот пациент, бидејќи апаратот може да дејствува само кога пациентот ќе одлучи да го носи но, тешко е и да се воспостави контакт во две точки со забите кој е потребен за да се направи комплексно движење на забот што значи дека самиот апарат може да ги ограничи можностите за третман.
Постојат 4 видови на мобилни апарати

  1. Функционални апарати за модификација на растот
  2. Мобилни апарати за поместување на забите
  3. Комбиниран функционален и активен третман
  4. Myobrace

Myobrace системот претставува пристап без протези за исправување на Вашите заби и вилици.

При ваквиот третман се користат миофункционални ортодонтски техники за справување со лошите орални навики ( познати како миогункционални навики ) кои се вистинската, основна причина за искривените заби користејќи слаби, испрекинати сили за редење на забите. Миофункционалните ортодонтски техники се практикуваат од страна на ортодонтите и стоматолозите ширум светот веќе 50 години. Резултат се постигнува со употреба на серија од мобилни апарати кои се носат само 1 до 2 часа дневно и во текот на целата ноќ. Секојдневното носење на Myobrace апаратите во комбинација со вообичаените редовни активности ( за корекција на дишењето, мускулната функција и поставеноста на јазикот ) резултира со исправување на забите и подобрена функција, што доведува до оптимален развој на лицето и поздрава насмевка.