fbpx

Ламинати

Ламинати (порцелански ламинати) се ултра-тенки обвивки од материјал со боја на забот уникатно дизајнирани за да ја покријат предната површина на забите за да го подобрат Вашиот изглед. Ламинатите се прилепуваат на предната страна од забите, менувајќи ја нивната боја, форма, големина или должина. Можат да бидат изработени од порцелан или од композитни материјали. Порцеланските ламинати се поотпорни на обојување (дисколорација) во споредба со композитните ламинати и ја рефлектираат светлината исто толку добро како природните заби. Композитните ламинати се потенки и за нивно поставување е потребно отстранување на помал слој од структурата на забот. Секако, изборот на материјалот од кој ќе бидат изработени Вашите ламинати треба да го дискутирате со Вашиот стоматолог.

Какви проблеми решаваат забните ламинати?
Ламинати вообичаено се користат за:
– Заби со променета боја – поради ендодонтски третман; прекумерна употреба на тетрациклини или други лекови; прекумерна концентрација на флуориди во организмот; големи пломби кои го пребојуваат забот;
– Абрадирани заби;
Оштетени или скршени заби;
Заби кои се изместени, нееднакви или со неправилна форма;
Заби со простор меѓу нив.

Кои се предностите на забните ламинати?
Имаат изглед како природен заб
Непцата добро го поднесуваат порцеланот
Отпорни се на обојување
Изборот на бојата на порцелански ламинат може да направи темните заби да изгледаат побело
Ламинатите овозможуваат конзервативен пристап за промена на бојата и формата на забот; вообичаено не е потребно екстензивно обликување пред нивната изработка како при изработка на коронки, а сепак се поцврста и поестетска алтернатива.

Кои се недостатоците на ламинатите?
Процесот не е реверзибилен
Ламинатите се поскапи од композитните полнења
Ламинатите најчесто не се поправаат ако се оштетат или скршат
Забот може да стане чувствителен на топли и ладни пијалоци и храна, заради отстранувањето на глеѓта.
Ламинатите може да не одговараат во целост со бојата на другите заби. Исто така, бојата на ламинатот не може да се измени откако ќе се постави. Доколку планирате да ги избелувате Вашите заби, направете го тоа пред да поставите ламинати.
Иако ретко, ламинатите можат да паднат. За да сте сигурни дека тоа нема да се случи, не им правете преголем притисок на забите со грицкање на нокти, џвакање моливи, лед или др. цврсти предмети.
Забите со ламинати се подложни на кариес и да се појави потреба од целосно покривање на забот со коронка
Ламинатите не се соодветен избор за луѓе со нездрави заби (кариес или пародонтална болест), ослабени заби (како резултат од кариес, фрактура, големи пломби), или заби кои имаат неадекватна количина на глеѓ.
Исто така, луѓето кои ги стегаат и стругаат забите не се добри кандидати за порцелански ламинати – стегањето и стругањето на забите може да ги оштети и скрши ламинатите.