fbpx

Естетско реконтурирање на непца

Kога помислувате на идеална насмевка, она што прво ви паѓа на памет се блескави и здрави заби. Но ткивото (гингивата) кое ги опкружува и дава потпора на забите има  дотолку голема улога  во тоа колку привлечно ќе изгледа Вашата насмевка, колку и забите.

Постојат доста естетски проблеми кои ја засегаат гингивата. На пример, „gummy smile“ – што значи дека при смеење видлив е голем дел од непцата, или забите Ви изгледаат прекратки. Понекогаш, може да се појави спротивниот проблем: Вашите заби да изгледаат издолжено затоа што непцето се повлекло, изложувајќи ја претходно покриената површина на коренот на забот. Или пак, да имате нееднаква линија на непцето, односно Вашето непце некои заби ги покрива повеќе од другите. Сите овие естетски проблеми можат да бидат успешно решени со третмани во нашата стоматолошка ординација.

Естетски проблеми на непцата

  • Вишок на ткивот.н. „gummy smile“ е предизвикана од вишок на непце кое покрива поголема површина од забната коронка (горниот дел) од нормално. Во овој случај, се изведува постапка позната како „издолжување на коронки“, при која вишокот од ткиво (а понекогаш и мала количина на коска) се отстранува за да се добие поголема видлива забна површина.
  • Рецесија на непцапонекогаш Вашите непца можат да се повлечат, а со тоа да изложат добар дел од корените на забот. Ова предизвикува естетски проблем, затоа што корените, коишто не се покриени со емајл, изгледаат пожолто од коронките на забите. Исто така, експонираните корени можат да бидат чуствителни на ладно или на допир, и имаат поголем ризик од појава на кариес. Постојат повеќе третмани за трансплантација на ткиво за да се покријат експонираните корени, кои вклучуваат трансплантирање на гингива од едната страна на устата во друга. На пример, корените може да се покријат со ткиво земено од тврдото непце, кое има иста градба како непцето, или да се земе ткиво од соседните заби за да се покрие коренот. Понекогаш  може да се искористи лабораториски обработено ткиво од друг донор. Сите овие можности и деталите околу постапките може да се дискутираат со Вас лично во нашата ординација.
  • Нееднаква линија на непцетодоколку имате нееднаква линија на непцето, каде некои заби се повеќе покриени со непце од другите возможно е да се изведе реконтурирање (реобликување) на непцето. Ова е секојдневна постапка, вообичаено изведена со скалпел или со ласерска технологија. Предноста на ласерот е го заздравува ткивото веднаш при оформувањето, правејќи ја самата постапка попријатна и времето на заздравување е значително пократко.

Што да очекувате

Секој хируршки зафат на непцата се обавува во стоматолошка ординација – вообичаено само со локална анестезија. Имено, за ласерска операција би Ви било потребно само површинска анестезија – гел или спреј на непцата. Доколку ткивото е земено од тврдото непце, ќе Ви треба повеќе време за да заздравите затоа што, би имале две рани кои треба да заздрават: местото од кадешто е земено ткивото и местото каде што ткивото е трансплантирано. Секоја од овие површини бара шиење, најчесто со ресорбирачки конци. Во меѓувреме, неколку денови, потребна е мека исхрана и да се избегнува џвакање на страната која е третирана. Иако за целосно заздравување се потребни неколку недели, со Вашите секојдневни активности може да продолжите уште следниот ден. Без разлика кој естетски третман Ви е потребен, постапките се рутински и предвидливи – и можат да направат чуда за Вашата насмевка!