fbpx
Што е injection flow техника?

Денес, цел на сите најсовремените техники за орална рехабилитација е добивање на совршена функција придружена од беспрекорна естетика за разумна цена.
Новите стоматолошки материјали, дигиталното планирање на насмевката и 3D принтањето полека го истиснуваат традиционалното правење на композитни пломби кое одзема многу време и бара многу специфични вештини и прецизност од докторот.

Драстично подобрените физички, механички и естетски својства на новата генерација на течни композити овозможуваат драматична промена на естетскиот лик на пациентот преку минимално инвазивен третман. Токму тоа преставува Injectable flow  – техника кoja нуди брзо и едноставно враќање на контурите и обликот на забите, како и воспоставување на добра функција.

Зошто оваа техника станува се поатрактивна и се повеќе барана од страна на пациентите ?

  • Брза постапка
  • Едноставна за работа
  • Не ги оштетува забите (се работи врз забите на пациентот и во најголем број случаеви не е потребно стружење на забите)
  • Самиот пациент учествува во процесот на креирање на дизајнот на насмевката
  • Пред да се добие конечниот продукт пациентот има можност пред се да ги види забите како ќе изгледаат по конечната процедура
  • За разлика од ламинатите кои се префабрикувани или изработени индивидуално во заботехничка лабораторија цената е значително пониска
  • Нема ризик од преосетливост на забите

 

Пpоцедурата има 3 фази:

Првиот чекор е всушност првата посета во ординација при која се прават фотографии, анализи, се подготвуваат забите кои ќе бидат третирани и се зема отпечаток за студио модели од пациентот.

 

Во втората фаза, процедурата се префрла во заботехничка лабораторија, каде се изработува восочен дизајн на посакуваниот естетски лик на забите. Од восочниот модел се зема отпечаток со прозирен силикон и од него се прави калап со кој се добива реплика на посакуванот изглед на забите во устата на пациентот.

Последниот чекор е поставување на калапот во устатата на пациентот и инјектирање на течниот композит, заб по заб. Со тоа дизајнираните заби од восок се трансферираат на забите на пациентот. Следува финирање и полирање на конечната композитна реставрација. Процедурата е комплетно безболна, насочена кон потребите и желбите на пациентот за брз мakeover со разумна цена.

* Фотографиите од приказот на случај се фотографирани и се сопственост на ПЗУ Дентал Арт Поликлиника Скопје.