Малкумина се доволно среќни што можат да се родат со совршени заби, но ортодонтскиот третман може да направи огромна разлика за вас или вашето дете. Вашиот ортодонт може да препорача кој било од следниве видови на протези или ортодонтски апарати за да ви помогне да го решите вашиот проблем.
Доколку сакате да ги видите сите типови на фиксни протези со кои располагаме во нашата поликника кликнете тука.
Традиционални метални протези
Традиционалните протези напредувале уште од раните денови и сега се полесни по тежина и структура отколку што биле порано. Тие се изработени од високо квалитетен не’рѓосувачки челик и се прикачуваат на секој заб користејќи еден вид цемент. Протезите се поврзани едни со други со тенок лак, што врши притисок врз забите за да предизвика тие полека да се движат во правилната позиција.
Лаците се поврзани со деловите од протезата со мали еластици познати како лигатури или о-прстени, кои вашиот ортодонт ќе ги менува секој пат кога ќе ги активира протезите.
Порцелански естетски протези
Овие протези работат на ист начин како и традиционалните, но тие се направени од јасен, транспарентен керамички материјал. Деловите од протезата се помалку видливи за другите, што ги прави популарен избор за возрасни на кои им е потребен ортодонтски третман. Пациентите што носат вакви протези имаат бела жица и провидни безбојни ластици.
Сафирни протези
Ако сакате прави заби, но сте загрижени за тоа како ќе изгледате со протези, размислете за овој тип. Inspire ICE ™, најквалитетни естетски протези. Нивниот патентиран материјал сафир ја прави Inspire ICE единствената достапна протеза со кристал. Тие не само што се дискретни, туку се и практично невидливи.
Damon system / Самолигирачки протези
Овој вид на протези моментно ужива во бранот на популарност кај ортодонтите, затоа што обезбедува нежен третман и бара помалку посети кај ортодонтите. Протезите се само-поврзуваат и користат механизам за лизгање наместо еластици за поврзување на лаците.
Овие протези даваат побрзи резултати затоа што забите се движат и без да бидат прилагодени. Ова предизвикува помалку триење и притисок врз забите, така што движењето е помалку болно, исто така се полесни за одржување хигиена.
Проѕирни подвижни алајнери
BE INVISIBLE
Систем на проѕирни фолии што можете да го користите наместо фиксни протези. Ова вклучува низа пластични алајнери (фолии) кои личат на штитници за заби, кои се изработени и нарачани за вас. Тие се отстрануваат за јадење и чистење, а вие ги менувате на секои две недели. Секој нов алајнер го прави прилагодувањето на забите еден чекор подалеку.
Исто така се препорачуваат за тековна употреба откако ќе завршите со ортодонтски третман и помагаат да се одржат резултатите што ќе ги добиете.