Инфракоскени џебови – хирушки третман
Здравите розеви непцата и коската како јака од кошула ги заобиколуваат забите, давајќи им потпора и заштита. При пародонтално заболување, ова потпорно ткиво континуирано се уништува и доаѓа до формирање на „џебови“ околу забите.
Со тек на време, овие џебови стануваат подлабоки, обезбедувајќи поголем простор за размножување на пародонтопатогените микроорганизми. Бактериите, најпрво во вид на плак ги колонизираат видливите површини на забите, за потоа да се акумулираат и напредуваат во длабочина под непцата и да навлезат во коската. Овие длабоки џебови собираат уште повеќе бактерии, што резултира во понатамошно губење на коската и ткивата. Самиот процес е цикличен и често се одвива без симптоми. Конечно, кога ќе се изгуби премногу коска, забите се расклатуваат и тогаш за жал мора да бидат екстрахирани.
Конзервативната терапија кај подлабоките резистентни џебови не е доволна за да го спречи продлабочувањето и комплицирањето на болеста. Во вакви случаи за конечно отстранување на инфекцијата се предлага хирушки отворен дебридмент. Оваа процедура преку едноставно поткревање на непцата, на пародонтологот му овозможува визуелна контрола и пристап за отстранувањето на патолошки променетите ткива, по што непцата ги враќа во првобитната положба и соодветно ги зашива. Всушност со елиминација на бактериите и измазнување на коската и коренот на забот се создаваат услови за повторно прилепување на ткивата за коренот на забот. Современата пародонтологија оди чекор напред и нуди коскени графтови или протеини со кои се пополнуваат дефектите и што е најважно овие материјали ги стимулираат изгубените ткивата да се регенерираат и репарираат. Современи регенеративните техники во комбинација со секојдневната орална хигиена ги зголемуваат шансите за зачувување на пародонтопатичните заби на долг рок со што се намалува и ризикот од други здравствени проблеми поврзани со пародонтопатијата.
Доколку сакате да погледнете видео со постапката за хируршко решавање на инфракоскени дефекти кликнете тука.
Третман на рецесии
Рецесија на непцата претставува повлекување на нивниот маргинален раб на гингивата (непцето) при што дел од коренот се експонира и забите изгледаат подолги. Рецесијата е чест проблем. Бидејќи процесот се одвива постепено, повеќето луѓе не се свесни дека имаат рецесија. Првиот знак е чуствителност при конзумација на студена храна и напитоци, а веќе наредната фаза е видливо издолжувањето на забот. Рецесијата не е проблем кој треба да биде игнориран. Повлекувањето на околното ткиво кое има заштитна функција и го заобиколува забот, може да ја олесни акумулацијата на бактерии и нивно пенетрирање во подлабоките слоеви на ткивата кое означува и продлабочување на проблемот. Исто така коренот на забот е поподложен на кариес во споредба со коронката на забот. Од друга страна, издолжените заби даваат повозрасен лик и представуваат естетски проблем. Не треба да се занемари и дискомфортот кој пациентите го чуствуваат на студена дразба. Современата пародонтологија нуди процедури кои се дизајнирани да ги покриваат изложените корени и со тоа да ги заштитат од понатамошно оштетување.
Доколку постојат услови, повлекувањето на маргиналните рабови може да биде решено со хирушка процедура при која се преместува останатото непце на соодветната првобитна положба.
Во случај кога нема доволна ширина и дебелина на останато околно ткиво, тогаш се наложува потребата од графт кој ќе го надополни недостатокот и стабилно ќе го реши проблемот. Едниот тип е таканаречен бесплатен графт, кој се зема директно од палатумот (покривот на усната шуплина) на пациентот и се пресадува на потребното место. Оваа е златен стандарт во решавањето на рецесиите. Другиот тип на графт кој се користи во вакви случаи е синтетски направен. Тој се прекројува и соодветно се аплицира.
Доколку сакате да погледнете видео за постапката при третман на рецесии кликнете тука.
На крајот, нашиот пародонтолог е тој кој ќе Ви посочи кој тип на третман е индициран врз основа на Вашите индивидуални потреби.