fbpx

Дигитален рентген кабинет

Дигитален рентген кабинет

Дигитален панорамски рентген апарат

НАШИОТ ФОКУС Е НА ВАС

Квалитет на слика, перформанс, сигурност и достапност.

Допуштете му на нашиот дигитален панорамски рентген да креира дигитален панорамски систем имајќи Ве Вас во предвид. Уредот GXDP-300 ги инкорпорира сите карактеристики кои ги барате: најкористените режими на сликање, во едноставен процес од 3 чекори со посебни програми за деца и возрасни. Gendex solutions се дизајнирани и произведени за да го обезбедат највисокото ниво на безбедност и сигурност. Нашите уреди за сликање располагаат со сигурен перформанс и конзистентни резултати на кои се потпираат сите стоматолози низ светот за најпрецизна дијагностика и предвидливост во планирањето на третманите. Со овој дигитален панорамски систем го добиваме она што ни е потребно за ефективност во дијагностиката и за зголемување на продуктивноста – одлични слики за конкурентна цена.

Погледнете што може gendex дигиталниот панорамски рентген да направи за Вас!

  • Ласерско порамнување на светлата за прецизно позиционирање на пациентот
  • Високо квалитетни слики кои помагаат при дијагностика:
  • Стандардна панорамска слика на возрасен

  • Панорамска слика на дете

  • ТМЗ

  • Сегментна слика

  • FOX™ (Focus-Optimized X-ray) – фокусно ориентиран рентген кој ја зголемува длабочината на фокус полето за оптимизирана радиографска јасност на сликата.

Подобрената дијагностика започнува со прецизен, јасен поглед на анатомијата на пациентот. GXDP-300 уредот користи FOX™ технологија за да добие добро дефинирани, високо квалитетни слики, само за еден момент – со постојано зголемување и униформност на сликата.

И Вашата рентген снимка е готова додека да трепнете.

Интраорален ретроалвеоларен рентген

Овој тип на рентген овозможува детален преглед на забните – алвеоларни структури и е потребен за:

  • откривање и дијагностика на забни или коскени лезии (ран или прогресивен кариес, инфекции на пулпата, периапикални инфекции, состојба на алвеоларна коска при парадонтопатија, цисти или други коскени заболувања)
  • одредени случаи за кои е потребно детално радиолошко тестирање, односно серија од интраорални слики
  • потврдување на прецизноста на одредени фази при третман (ендодонтски третман – евалуација на бројот, заобленоста и должината на коренските канали, правилен избор на гутаперка за полнење на каналите или проверка на поставеноста на одредени материјали во каналот, ендодонтска хирургија/ апикотомија, екстракција, имплантологија итн.)
  • проверка веднаш после хируршка интервенција
  • проверка на резултати од одреден третман

Нашата поликлиника располага со најсофистицираниот и современ интраорален ретроалвеоларен рентген апарат. Радиовизиографија (РВГ) како најсовремената техника во стоматологијата со минимална изложеност на зрачење на пациентот и безброј можности за процесирање на сликите има многу предности наспроти класичната радиографија:

  • намалување и подесување на емитирана доза зрачење. Предноста на користењето дигитална рентген опрема во споредба со традиционалните филм-рентгени е огромно намалување во радијацијата (до 80%), благодарение на својствата на сензорот, кои го прават почувствителен на рентген фотоните. Истата доза која е потребна за една традиционална рентген слика, нам ни дозволува да направиме 8 дигитални рентген слики.
  • намалено време на изложеност
  • процесирање и архивирање на направените слики (можноста да се процесираат сликите на компјутер му овозможува на докторот да ја зголеми сликата, да зема мерки, да планира третман). Понатаму, истите слики може да бидат споделени и да се направат консултации со други специјалисти преку интернет и веднаш. Ова значи помалку скапи посети и одложувања.
  • добивање информации веднаш, без потреба за процесирање на филм.