fbpx
Естетска корекција на линија на насмевка

Гингивална насмевка (gummy smile) е естетски проблем на пациентите чии заби при насмевка и говор изгледаат кратки и се видливи несоодветно големи површини од непцата. Всушност Vашите заби можеби имаат соодветна должина, но тие се покриени со премногу ткиво од непцата или коска. За да се добие широка естетска насмевка и розево бела хармонија се изведува процедура за продолжување на клиничката забната коронка (видливиот дел на забот) или уште наречена лифтинг на гингивата или, реконтурирање на гингивите. Начинот по кој ќе се изведе интервенцијата за решавање на проблемот зависи од тоа колкаво треба да биде зголемувањето на коронката (видливиот дел од забот), која е  причината за гингивална насмевка и од планот за идната реставрација на насмевката. Оставете на нашиот тим да ги определи овие параметри во согласност со вашите барања и да определи кој од седниве методи би бил најсоодветен за решавање на Вашиот случај.

Исклучиво ласерска корекција на непцата – која се изведува доколку има зголемување на гингивите (непцата) од невоспалителна природа. Оваа процедура опфаќа само отстранување на вишокот гингивално ткиво околу забот кое во нашата ординација се изведува ласерски. Интервенцијата е чисто козметска, брза и безопасна и заздравувањето е многу лесно. Нема крварење, нема оток, нема болка.

Хирушко моделирање на коската и мекото ткиво – се изведува кај  комплицирани случаеви на гингивална насмевка, тогаш третманот подразбира отстранување на дел од коска и гингива под локална анестезија и нивно зашивање на соодветното место, според посакуваното и планирано продолжување на видливиот дел од забот. Ако продолжувањето на забите е подготвителна постапка, вистинскиот протетски третман (најлесто со ламинати т.е. винири) во овој случај започнува 3 месеци пост оперативно и има за цел преку протетски изработки да се добие блескава широка насмевка, со видливи заби и естетски контурирана гингива.

Leave a comment