fbpx
Светски ден на оралното здравје 2020

Светскиот Ден на Оралното Здравје е најголемата глобална иницијатива за подигање на свесноста на светската популација за значењето на оралното здравје. Оваа кампања предводена од страна на Светската Дентална Федерација, од 2013 година традиционално се одржува на 20 Март.

Овој датум 03/20 не е случајно одбран. Преки оваа бројка се симболизира целтта на кампања, старата популација да има зачувано 20 здрави заби, децата да ги сочуваат здрави сите 20 млечни заби, а возрасните да имаат 32 заба без кариес. Всушност, Денот на оралното здравје е да се пренесе порака за важноста на оралната хигена кај децата и возрасните која влијае на општoто здравje и благосостојба на човекот.

Светскиот Ден на Орално Здравје ја опфаќа јавноста, Националните стоматолошки асоцијации и владини организации кои се впрочем главните креаторите на програми за превенција и лекување и кои имаат улога во намалување на товарот од оралните заболувања.

Сепак половина од светското население е сé уште засегнато од нетретирани орални болести кои се причина за загуба на забите и нарушување на основните функции на устата како јадење, зборување и смеење. Без превземање на акција, оваа бројка ќе продолжи континуирано да се зголемува.

Затоа, годинава на 20ти март, ние Поликлиника Дентал Арт Ве повикуваме, заедно да си дадеме ‘Ветување’.

Ветувам дека ќе си ги мијам правилно забите додека 2 минути ја слушам омилената песна.

Ветувам дека ќе го скратам шеќерот во дневно диетскиот режим и разумно ќе ги избегнувам цигарите и алкохолот.

Ветувам дека редовно ќе ја менувам истрошената четка за заби и конечно годинава ќе започнам да користам забен конец.

Нема повеќе изговори за непосетување на стоматолог и пропуштање на контролни прегледи.

Ветувам дека Јас и мојот стоматолог ќе бидеме непобедлив тим кој заедно ќе работи за подобрување на глобалното орално и општо здравје!