fbpx
Пародонтолог

Запознајте ја Спец. Д-р Јана Милутиновиќ, специјалист пародонтолог во ПЗУ Дентал Арт.
Дипломирала на стоматолошкиот факултет во Пловдив, Р. Бугарија во 2011 година, а во 2020 се стекнува со титула Специјалист пародонтолог.
Др. Јана е дел од тимот на ПЗУ Дентал Арт поликлиника од 2019 година.

Во 2018 година успешно се стекнува со титулата магистер по науки. Својот магистерски труд „Евалуација на ефектот на PRF во третманот на инфракоскени џебови“ го презентира на најголемиот европски пародонтолоски конгрес EuroPerio09 во Амстердам, Холандија.
Континуирано се стекнува со современи знаења преку учеството на бројни професионални школи, симпозиуми и конгреси од областа на третманот на пародонталната болест, пародонтална хирургија и естетската стоматологија.
– Лиценциран доктор за решавање на рецесии со тунел техника;
– Лиценциран доктор за спроведување на PRF протокол;
– Лиценциран доктор за работа со мекоткивен ласер;
– Сертификат за клиничка реконструктивна пародонтална хирургија;
– Сертифициран доктор за работа со Mucoderm.

За работата на Спец. Д-р Јана Милутиновиќ сведочат илјадници третирани пациенти кои греат со насмевката.
Бидете и Вие дел од нив и закажете консултации.