fbpx

Пародонтологија

Доколку Ви е дијагностицирано пародонтолошко заболување, не сте единствени. Во моментов, над 50% од светската популација пати од некоја од формите на заболувањето. Пародонталните заболувања варираат од едноставни воспаленија на непцата/ гингивата, до сериозна болест која резултира во големо оштетување и загуба на непцето и коската кои го држат забот.

Фактори за ризик

  • Дијабетес. Луѓето со дијабетес се во високо ризичната група за развој на инфекции, вклучувајќи ги и заболувањата на непцата.
  • Пушење. Потребна Ви е уште една причина за да престанете да пушите? Пушењето е еден од најзначајните ризик фактори за развој на болести на непца. Дополнително, пушењето ги намалува шансите за успешен третман.
  • Лоша и неправилна орална хигиена. Забниот плак ги содржи бактериите кои се број еден причинител на пародонталната болест. Неговото неправилно отстранување (лоша орална хигиена) го зголемува ризикот од заболување и ги влошува симптомите.
  • Хормонални промени кај девојки/ жени. Овие промени може да придонесат за чувствителност кај непцата и да придонесат за полесен развој на гингивит.
  • Лекови. Има стотици лекови кои го редуцираат протокот на плунка, која ја заштитува устата. Без доволно плунка, устата е ранлива и подложна на инфекции. Дури некои лекови можат да предизвикаат прекумерен раст на меко ткиво, што го отежнува одржувањето на орална хигиена.
  • Генетски предиспозиции. Некои луѓе се повеќе подложни на сериозни заболувања на непцата од други.

Како да знам дека имам заболување на непцата / гингивите?

Симптомите вклучуваат:

  • Лош здив кој не поминува
  • Црвени или потечени непца
  • Чувствителни непца или непца кои крварат
  • Болно џвакање
  • Расклатени заби
  • Чувствителни заби
  • Непца кои се повлекуваат или заби кои навидум се подолги
    Добра вест: Пародонталното заболување може да биде успешно третирано кога е навремено дијагностицирано

    Во нашата клиника ви нудиме конзервативен и хируршки третман за ова заболување преку изготвување на индивидуална пародонтална програма и константен мониторинг на резултатите од терапијата.

Конзервативни третмани:

Хируршки третмани:

Секој случај е индивидуален и засебен и пристапот кон неговиот третман е засебно планиран.