Ласерска стоматологија

Ласерот е инструмент кој произведува многу тенок, интензивен зрак на светлосна енергија. Кога ласерски зрак доаѓа во допир со ткиво предизвикува реакција. Ласерскиот зрак може да отстрани или да обликува ткиво. Ласерите може да се користат за безбеден и ефективен третман за голем спектар на стоматолошки процедури и најчесто се користи во комбинација со други инструменти.

Ласерите во стоматологијата се користат за:

– да ја намалат неудобноста од болка;
– да изложат полу-излезен умник;
– да отстранат мускулно ткиво кое ограничува правилно движење;
– да го обработат непцето за време на земање отпечатоци за коронки и други постапки;
– да отстранат обраснати ткива предизвикано од одредени лекови;
– да се изведе биопсија;
– да отстранат воспалено ткиво и да помогнат при третман на болести на непца;
– да отстранат или обликуваат непца и коска при постапки за издолжување на забите;
– да помогнат при третман на инфекции на коренски канали;
– да го забрзаат процесот на белење на заби;
– терапија на ТМЗ проблеми, херпес, афти, инфекции после екстракции и сл.

Ласерот има одредени предности. На пример, можно е да нема потреба од дупчење или пак ставање анестезија за одредени процедури, а со тоа овозможувајќи му на пациентот попријатно искуство. Ласерските постапки се попрецизни. Исто така, ласерот може да ги редуцира симптомите и времето на заздравување при традиционална терапија; да ги намали бактериските инфекции на заболените непца и заби со кариес; да го намали крварењето при операција.

Дали се безбедни?

Доколку ласерот се употребува од обучен стоматолог и според прифатените практики во стоматологијата, тогаш е безбеден колку и останатите стоматолошки инструменти, во најмала рака. Сепак, исто како што носите наочари за сонце за да Ве заштитат од прекумерна изложеност на сонцето, кога Вашиот стоматолог изведува некоја постапка со ласер, ќе носите специјални наочари за да Ви ги заштитат очите од ласерот.

Најсовремената технологија е достапна во нашите простории.

Бидејќи Вие заслужувате иновативен и безбеден стоматолошки третман!