Имплантологија и орална хирургија

Забните импланти заменуваат еден, неколку или пак, сите заби. Целта на замената на забите е да се обнови нивната функционалност како и естетиката на насмевката на Вашето лице.

Имплантот служи како замена за коренот на забот кој недостига и ја држи новопоставената коронка или мост. Имплант кој е поставен во вилицата е конструкција најблиска до природен заб затоа што стои самостојно без да бидат афектирани соседните заби и има одлична стабилност. Процесот на врзување на имплант со вилица се вика „остеоинтеграција“. Најчесто имплантите се изработени од титаниум, метал што интегрира со коската без да биде препознаен како туѓо тело во нашите тела. Имајќи го предвид квалитетот на титаниумот кој го поставуваме во коска Ви нудиме: Biohorizons и Straumann импланти.

Третман за поставување забни импланти


Процесот на поставување забни импланти најчесто се комплетира со три посети во нашата ординација.
При првата посета, се прави панорамска рендген снимка на устата и вилицата на пациентот, за да се утврди дали е добар кандидат за импланти.
Во текот на втората посета, под дејство на локална анестезија, се врши подготовка на непцата и вилицата на пациентот, се вметнуваат титаниумските корени во вилицата и се затвараат инцизиите со конци.
По имплантирањето, потребни се околу три до шест месеци за да заздрави ткивото и имплантите да се соединат со вилицата. Откако ќе помине периодот на заздравување пациентот доаѓа на третата посета, за поставување на уникатни порцелански заби со природен изглед.


По завршувањето на целиот третман пациентот ќе има прекрасни и трајни вештачки заби.

Имплантите не бараат повеќе нега од природните заби и со правилна нега може да уживате во здравата и неверојатна насмевка засекогаш.