Естетска стоматологија

Додека традиционалната стоматологија се фокусира на орална хигиена и превенција, дијагностика и третман на орални заболувања, естетската стоматологија се фокусира на подобрување на изгледот на забите, устата и насмевката на една личност. Со други зборови, ресторативните, општите и/или семејните стоматолошки ординации детектираат проблеми за кои е неопходен третман, додека естетската стоматологија нуди избор – посакувани третмани или услуги.
Насмевката e можеби највпечатливата карактеристика на лицето. Со толкуте предности на стоматологијата, веќе не мора да правите компромис за дисколорација на забите, скршени заби или заби со неправилна форма. Денес имате избор кој може да Ви помогне да се смеете со самодоверба.
Дури и најсуптилните промени во Вашата насмевка може да направат драматична промена во Вашиот изглед и во тоа како се чувствувате. Разговарајте со Вашиот стоматолог за можностите кои најмногу ќе Ви одговараат, кои се Вашите очекувања и износите на одредените третмани. Некои од опциите се:

  • Белење на заби – ги избелува забите кои имаат дисколорација или дамки. Белењето може да биде направено во ординација или стоматологот може да Ви даде систем за домашно користење.
  • Забен аксесоар – циркон.
  • Ламинати се тенки индивидуално изработени обвивки дизајнирани за да ја покријат предната површина на забите. Направени од материјали со боја на заб, ламинатите се користат за да третираат простори меѓу забите и заби кои се скршени, истрошени, лошо обликувани или малку оштетени.
  • Коронки се идеалниот начин за обнова на заби кои се скршилe, се оштетиле од кариес или oд преголема пломба.
  • Мостови се вештачки заби, познати како членови, кои се фузирани меѓу две коронки – носачи за да пополнат место на изгубен заб. Двете коронки кои го држат мостот на место се прикачени на Вашите заби на секоја страна на вештачкиот заб. Ова се вика фиксиран мост. Постапката се прави за да замените еден или повеќе заби во вилицата.
  • Импланти се вештачки, заменски забни корени кои се користат како дел од протетската стоматологија за да заменат загубени заби. Најчесто резултатот не е само подобрена насмевка, туку и подмладен изглед, имајќи предвид дека недостигот на заби предизвикува набрчкување на лицето, а со тоа и изгледате постаро.
  • Естетско реконтурирање на непца – постојат доста естетски проблеми кои ја засегаат гингивата. На пример, „gummy smile“ – што значи дека при смеење видлив е голем дел од непцата, или забите Ви изгледаат прекратки. Понекогаш, може да се појави спротивниот проблем: Вашите заби да изгледаат издолжено затоа што непцето се повлекло, изложувајќи ја претходно покриената површина на коренот на забот. Или пак, да имате нееднаква линија на непцето, односно Вашето непце некои заби ги покрива повеќе од другите. Сите овие естетски проблеми можат да бидат успешно решени со третмани во нашата стоматолошка ординација.