Импланти

Како да се надомести еден или повеќе изгубени заби

Многу чест проблем во нашата популација е недостаток на еден или повеќе заби. Стоматолозите укажуваат на големо значење на превентивната стоматологија и обучување на пациентот на правилно одржување на оралната хигиена со цел да се намали процентот на загуба на природниот заб.

Приоритетите на современата стоматологија се да секој изваден заб треба да се надомести. Недостатокот и на еден заб води не само до естетски туку и до функционални проблеми: говор, џвакање, оклузија и проблеми и болки во виличниот зглоб. Никако не смееме да заборавиме на психолошкиот проблем кој настанува поради несигурност и дискомфорт во секојдневните активности.

Постојат многу начини за надоместување на изгубените заби.

Најдобро и најдолготрајно решение нудат денталните импланти.

Денталните импланти се титаниумски штрафови кои имаат улога да го надоместат коренскиот дел од забот. Потполно се биокомпатибилни, алергиската реакција на нив е екстремно ретка.

Предноста на забните импланти во случај на загуба на еден заб се исклучителни. На овој начин се зачувуваат меѓузабните и меѓувиличните односи, се избегнува стругање и оштетување на соседните здрави заби и се овозможува одлична естетика особено кај загубата на преден заб.

Губењето на повеќе заби истотака претставува индикација за вградување на дентални импланти. Медицински е оправдано и вградување на импланти во беззаба вилица, со што пациентот се ослободува од нестабилни и често некомфорни тотални протези.

По доаѓање на пациентот во стоматолошка ординација се прави детален план на терапија. Анализата се прави со 3D снимка со која се проценува висина и дебелина на коската во регијата каде што се планира вградување на денталните импланти. После деталната анализа и доколку постојат услови, може да се пристапи кон хируршката интервенција за вградување на имплантите или два до три дена доколку е неопходна медикаментозна припрема на пациентот.

Вградување на денталните импланти е безболна и краткотрајна хируршка интервенција која се изведува со локална анестезија. После хируршката интервенција, раната хируршки се затвара со конци кои се отстрануваат после 7 – 10 дена. Постојат и ресорптивни конци кои сами се разградуваат и се идеално решение кај пациенти кои патуваат непосредно после вградување на денталните импланти.

После вградување на имплантите се чека 3-4 месеци, период на остеоинтеграција (зацврстување, окоскување) создавање на нова коска околу имплантот. Во исклучителни случаеви кога условите при поставување на имплантите се идеални може веднаш после поставување на имплантот да се постави и протетската изработка, привремена корoнка или мост.

Откако ќе помине периодот на остеоинтеграција пациентот се јавува во нашата Поликлиника за да се заврши последната фаза од вградувањето на имплантите – поставување на протетската изработка.

Лоша индикација за вградување на дентални  импланти доведува до големи и озбилни компликации. Поради тоа треба да се направи детална анализа и да се посвети големо внимание, како и да се најде компромис помеѓу желбата на пациентот и медицинската оправданост и биолошките принципи. Компликација може да биде загубата на имплантот, загуба на алвеоларната коска, periimplantitis или воспаление на коскеното ткиво околу имплантот.

Пациенти кои не се идеални кандидати за поставување на импланти (контраиндикации):

  • пациенти со лоша орална хигиена
  • страствени пушачи
  • заболени од дијабетес (неконтролиран)
  • пациенти со бубрежни заболувања
  • пациенти на радиолошка терапија

Познавајќи ги сите контраиндикации и правилен хируршки пристап на вградување на дентални импланти, компликациите се сведуваат на минимум.

Пациентот треба да е запознаен комплетно со целокупниот план на терапија, неговите предности и ризик фактори. Поради тоа постојат различни протоколи на работа како и изјави на пациентот со кои потврдуваат дека се запознаени со целиот план на хируршката терапија и истата ја прифаќаат.

Leave a comment