fbpx
Хијалуронски филери – се’ што треба да знаете

Што е хијалуронска киселина?

Хијалуронската киселина  – гликоза миногликан е природна киселина во човековиот организам со највисока концентрација во зглобовите, очите и кожата. Хијалуронската киселина се врзува со водата во организмот и ја прави кожата млада, хидрирана и затегната. Како што старееме организмот не произведува доволно хијалурон па така мускулите, коските и кожата губат волумен и стануваат се потенки. Ова губење на волуменот придонесува до создавање на линии и брчки најизразени на лицето, вратот и дланките, виснување на кожата и истенчување на усните.

Хијалуронски филери

Кога станува збор за спречување на процесот на стареење и возобновување на естетитката на во денешно време има огромна палета на производи за нега кои содржат хијалуронска киселина и се аплицираат како креми, серуми или инјекции. Додека кремите и серумите се аплицираат топично со масажа и основната функција им е површно да ја хидрираат кожата, единствено хијалуронските филери кои се инјектираат директно на местата кои сакате да бидат третирани можат да го надоместат изгубениот волумен и структура на лицето и усните.

Една инјекција прави кожата да биде помазна и позатегната до 6 месеци

Една од причините зошто хијалуронските филери се толку популарни е нивната способност да дадат волумен и да ги намалат веќе создадените брчки само со една посета на доктор. Уште по првата посета резултатите се веднаш воочливи и траат до 6 месеци, зависно од областа која е третирана. Најновите истражувања покажуваат дека составот на новите хијалуронски филери може да стимулира дури и природно создавање на колаген во организмот, водејќи до позатегната кожа на долг рок.

Квалитетните филери се „невидливи“

Филерот кој е нанесен професионално изгледа природно. Промените коишто ги правите имаат за цел да се истакне Вашата природна убавина, стилизирајќи ги годините – наместо да се забележува дека имате аплициран филер – да се истакне зелената боја на Вашите очи или насмевката позади која се кријат бисерно бели заби.

Важно е кој ќе Ви аплицира хијалуронски филер

Хијалуронските филери кои се инјектираат се толку популарни што можете да најдете многу луѓе кои ги аплицираат: од дерматолози, стоматолози, козметичари и тн.
Она што е важно е дека сите луѓе кои аплицираат хијалуронски филери имаат различни техники, користат различни филери и имаат различно ниво на искуство. Комуницирајте со Вашиот човек за реални резултати и за Вашите очекувања, сепак се работи за Вашето лице. Не плашете се да прашате за обука и сертифицираност на човекот којшто ќе Ви аплицира филери. Иако се достапни насекаде, филерите треба да ги аплицира само лиценцирана и обучена личност за било каков третман кој вклучува инјектирање. Исто како и со секоја друга медицинска терапија, има ризици од инфекции, пребојувања и згрутчувања на кожата доколку филерите не се инјектирани правилно.

Не секој е кандидат за инјектирање филери.

Иако хијалуронските филери се биокомпатибилни и безбедни за употреба, има одредени ситуации во кои не е препорачана апликацијата. Доколку сте бремени, доите или имате било каква инфекција во регијата на лицето одложете го Вашиот третман. Ако примате некаква медикаментозна терапија, особено за разредување на крвта тогаш задолжително известете го Вашиот доктор.

Третманот не е вечен – ќе треба да го повторувате

Филерите се биокомпатибилни – иако се безбедни за користење, од друга страна тоа значи дека со тек на времето се ресорбираат во телото и нивното дејство опаѓа. Доколку Ви се допадне Вашиот изглед со филери најверојатно ќе треба да правите ретретман на секои 6 месеци до една година, зависно од местото кое сте го третирале. Ова се и добри вести – ако сакате да аплицирате филери само еднаш или два пати без никакви долгорочни ризици.

Leave a comment