fbpx
Ретроспективен поглед на 2019 година

 

Драги наши,

2020 година веќе почна и се движи со полна пареа. Би сакале да ја искористиме оваа прилика да ви се заблагодариме вам, нашите пациенти, за довербата со која веќе 13 години ни ги доверувате вашите насмевки во се поголем број.

Нескромно ќе кажеме дека изминатава 2019 година беше голема година за нас. Секогаш стремејќи се да ги задоволиме вашите потреби и да ги оствариме вашите желби, од ординација прераснавме во Поликлиника. Вашите насмевки заслужуваат професионален третман од доктори специјалисти во својата дејност, па во составот на Поликлиниката профукционира и одделот за Орална хирургија и имплантологија водена од спец. Др. Ненад Цветановски.
Склучивме договори со Еуролинк осигурување и НЛБ Cashback со мислата дека нашите пациенти треба да уживаат во привилегии и во однос на финансииите.
За да го задржиме загарантираниот квалитет и бренд, континуирано го зголемуваме бројот на вработени.
Работата на една поликлиника не би била на највисоко ниво без следење на современата технологија во стоматологијата – Дентал Арт е опремена со нови најсовремени стоматолошки столици, инструменти и материјали кои значително го скратуваат времето на третманот.
Имајќи предвид дека естетиката е примат на врвните стоматолози ние сме тука за да ја истакнеме вашата убавина – како најнова дејност во Дентал Арт Поликлиника ја воведовме апликацијата на хијалуронски филери.
Како последно но не помалку важно, општествената одговорност не ни е непозната страна: годинава одржавме предавања за важноста на оралното здравје и хигиена во неколку средни и основни училишта по повод Светскиот ден на оралното здравје и одговоривме на поканата на ФК Мондано да земеме учество во нивниот Предновогодишен турнир во фудбал на кој поделивме 1000 насмевки и пакетчиња.

Се што останува да кажеме е дека ќе продолжиме да креираме здрави и убави насмевки.

Со многу љубов,
тимот на ПЗУ Дентал Арт Поликлиника