Зошто ласерско белење во Дентал Арт?

Колкумина од вас до сега ја слушнале познатата изрека дека белењето на забите го оштетува површинскиот слој на забите? Кога се работи за избелувањето на забите, фактите честопати се погрешно интерпретирани.

ВАШИТЕ ЗАБИ СЕ КАКО СУНЃЕР

 

Природната боја на Вашите заби е предодредена уште од самото раѓање. Вашите заби имаат пори исто како вашата кожа. Сé што внесувате во Вашата уста ќе се апсорбира во тие пори. Вино, кафе, цигари, капини, малини, зелен чај, како и некои антибиотици се екстремно активни во процесот на потемнување на забите.
Воедно, пожолтувањето на забите е нормален дел од стареењето на индивидуата. Како што косата побелува така и забите пожолтуваат.

БЕЛЕЊЕТО НЕ ГИ ОШТЕТУВА ЗАБИТЕ

Дали и како ќе ги избелувате забите е целосно Ваша одлука. Сепак, има одредени факти со кои секој еден треба да биде запознаен пред да се реши за третман со белење.
Најчесто споменуваниот исказ е дека белењето ги оштетува забите. Всушност, она што може да предизвика оштетување т.е. хиперсензитивност после белење е загревањето на пулпата на забите. Загревањето предизвикува хиперсензитивност при внесување на ладни/топли намирници во устата.

КЛУЧОТ НА УСПЕХОТ ПРИ БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ Е НАЧИНОТ НА КОЈ ТОА Е ИЗВРШЕНО

Повеќето продукти на пазарот користат слични или исти состојки за белење. Разликата е во направата со која се задржува гелот за белење на забите во текот на процедурата и како тој се активира:

  • со УВ лампа;
  • преку хемискиот процес на оксигенација;
  • со ласер.

УВ лампата со фреквенцијата на којашто работи го активира гелот за белење, но и повеќе ја загрева пулпата, што доведува до поголема сензитивност после третманот.
Исто така, гелот за белење кај едноделните лампи (кои ја опфаќаат целата усна шуплина) е најконцентриран на предните заби (од 4ка до 4ка), додека е најразреден кај задните заби. Тоа доведува до избелување на предните, а кај задните ефектот е доста послаб.

Избелувањето без користење на лампа за активација на гел (како што е домашното белење) е преку хемиски процес на оксигенација.

ЛАСЕРСКО БЕЛЕЊЕ ВО ДЕНТАЛ АРТ

Ласерското белење се одвива со активирање на гелот со ласерски зраци, активација којашто е со однапред определено време на изложеност на зраците од ласерот на секој заб поединечно – со што целосно се избегнува ризикот од преголема или премала изложеност на активираниот гел – што го прави белењето со ласер најбезбеден метод. Исто така, активацијата на гелот се одвива побрзо, што значително го скратува времетраењето на целиот третман на белење.

Ласерот којшто го користиме во нашите простории овозможува избелување на секој заб поединечно, што значи дека Вашите заби ќе бидат подеднакво бели – до 4 нијанси.

КАКО ДА ГО ПРОДОЛЖИТЕ ЕФЕКТОТ ПОСЛЕ БЕЛЕЊЕТО?

Најчесто добиените резултати се задржуваат 6 месеци до 2 години, но сепак тоа зависи од начинот на исхрана и од тоа колку Вашите заби се подложни на пребојување. Доколку вашите заби имаат значително потемни нијанси – најчесто само една сесија на белење на забите нема да биде доволно за постигнување на ефектот „холивудска бела насмевка“. Во тој случај докторите во Дентал Арт ќе Ви објаснат како побрзо да стигнете до тој ефект.

Сепак, со правилна орална нега и придржување кон дадените совети, тој ефект можете да го продолжите.

Во Дентал Арт, после третманот добивате и совети за оралната нега после белење: храна, пијалоци и хигиена.
Воедно во истата посета Ви препорачуваме и:

  • паста за рехидратација и реминерализација на забите;
  • специјална паста за интензивна нега на избелените заби
    со коишто располагаме во нашите простории, како би се продолжил ефектот на избелени заби.

БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ ДОМА

За луѓето кои сепак не сакаат да седнат на стоматолошкото „жешко“ столче и за оние кои сакаат константно да ја зголемуваат белината и свежината на забите нудиме и сетови за домашно белење на забите кои содржат гел за избелување и калапи во кои се нанесува гелот, а кои ги изработуваме во нашата заботехничка лабораторија за секој пациент индивидуално.

ПРЕД ДА СЕ ОДЛУЧИТЕ ЗА БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ

  • започнете со здрави заби

Белењето на забите е невозможно доколку имате воспаление на непцата, соголени корени, кариес, скршени заби, повлечени непца, забен камен или други нетретирани состојби. Само може да допринесе за појава на дополнителна болка и проблеми.

  • коронки и ламинати не се избелуваат

Кога се поставуваат коронки и ламинати, тие се изработуваат така што нивната боја не може да се промени, а ќе одговара со бојата на околните заби. На коронките и ламинатите не се наталожуваат дамки ниту пак можат да се избелуваат. Доколку сакате Вашите протетски реставрации да се со посветла боја, белењето (доколку е возможно) можете да го направите на околните заби пред да се постави протетскиот дел.

 

Ако се одлучите за белење на забите, ласерот во Дентал Арт Ви го овозможува најбезбедниот, најбрзиот и најефикасниот метод на белење заб по заб. Дозволете си целосен естетски третман со:

  • Бесплатен преглед и консултации;
  • Едночасовен третман со ласерско белење на забите;
  • Совети за орална нега и продолжување на ефектот од белењето;
  • Паста за реминерализација и рехидратација на забите;
  • Специјална паста за интензивна нега на избелените заби;
  • Сет за домашно белење со индивидуално изработени калапи.

Контактирајте нé!

Leave a comment