fbpx
Победете ги Вашите стравови со помош на безболна стоматологија

Кој дел од одењето кај стоматолог го сметате за најстрашен? Звукот од машинката­?   Или можеби самата помисла на игла Ви предизвикува стрес?

Голем број на истражувања и анкети покажале дека најголем дел од пациентите кои ја посетуваат стоматолошката ординација стравуваат од следниве три работи:

  • страв од губење на контрола – не можејќи да видат и контролираат што се работи, ниту пак да учествуваат во работата;
  • срам – бидејќи се работи многу блиску до нивното лице пациентите се чувствуваат дека стоматологот премногу навлегува во нивниот личен простор. Покрај ова, дел од пациентите се срамат и од изгледот и состојбата на нивните заби кој најчесто е резултат токму на стравот од стоматолог;
  • страв од болка – најверојатно најчестиот проблем на нашите пациенти.

Тимот на Дентал Арт разбира дека за некои пациенти дури и обичен стоматолошки преглед може да биде причина за страв, стрес и нервоза. Прашањето кое сигурно безброј пати си го имате поставено е дали всушност стоматолошките процедури може да бидат комплетно безболни? Одговорот е: ДА!

За да почнете да се ослободувате од насобраниот страв, пред сé, клучна е Вашата комуникација со стоматологот. Разговарајте за тоа што кај Вас го предизвикува стравот, кој дел од процедурата Ве плаши. Побарајте од стоматологот целосно да Ви ја опише процедурата бидејќи токму тоа може да допринесе за намалување на стравот овозможувајќи Ви да се припремите за секој следен чекор.

Земањето на одредени лекови пред доаѓање во ординација за смирување како и намалување на анксиозноста ќе Ви биде препорачано од страна на стоматологот доколку тој смета дека истото е потребно.

Доколку Вашиот најголем страв е болката, современата стоматологија нуди разни техники за таа комплетно да се елиминира со помош на анестезија. Најпрво на местото на убодот се аплицира локален анестетик во вид на спреј или гел по што Вие воопшто нема да го почувствувате убодот од иглата која е со минимални димензии. По апликацијата на анестезијата било која стоматолошка процедура ќе биде безболна.

Исто така, нашата ординација располага со ласер кој Ви овозможува безболно изведување на голем број на процедури, без крварење и поставување конци.

Закажете преглед, препуштете му се на нашиот тим и дозволете Вашата посета кај стоматолог да ја претвориме во пријатно искуство!