fbpx
Прави заби – здрави заби !

Сите сме свесни дека правите заби ни даваат убава насмевка. Но, дали знаевте дека забите кои се правилно поставени и даваат коректна функција исто така влијаат на целокупното здравје на организамот?

Неправилно поставените заби, или малоклузиите се среќаваат кај многу голем процент на нашата популација. Доколу се остават така, без третман, тие можат да доведат до периодонтално заболување или да предизвикаат преголем стрес на забите и вилиците кое води до предвремено стареење на џвакалниот систем. Ефектите на неправилно поставените заби се влошуваат со текот на времето и може иреверзибилно да делуваат на вашето целокупно здравје.

Најчести типови на неправилно поставено заби (малоклузии) се следниве:

  • збиеност
  • растреситост
  • длабок загриз
  • отворен загриз
  • вкрстен загриз
  • раб на раб загриз
  • зголемен хоризонтален преклоп

Неправилно поставените заби влијаат на вашиот загриз создавајќи неприроден притисок на поедина група на заби и со тоа предизвикуваат предвремено оштетување на забите и потпорниот апарат. На забите кои се подложни на ваков притисок најчесто се забележуваат инфракции (напукнатини) или недостаток на поголем дел од глеѓта во вратниот предел.

Со текот на времето, неправилно распределената сила може да предизвика проблеми со виличниот зглоб, кои може да доведат до болки во уво па дури и главоболки.

Предвремената амортизација на забите може да доведе до повлекување на гингивите, намалена коска околу коренот на забот, луксација на забите и краен стадиум – загуба на забите. Забите кои се правино подредени траат подолго и на долгорочен план заштедуваат многу посети на стоматолог, а со самото тоа и заштеда на финансии.

Но зошто неправилно поставените заби имаат толку штетно влијание?

Одговорот лежи во отежнатото одржување на оралната хигиена.  Кај неправилно поставените заби е многу лесно да дојде до акумулација на плак и размножување на бактериите поради тешка достапност на најчесто употребуваните четки за заби. Бактериите кои нема да бидат целосно отстранети од забите ќе се размножуваат и ќе предизвикаат периодонтално заболување кое почнува со воспаление на непцата, црвенило и краврење при четкање и чистење со забен конец. Доколку воспалението на непцата не се третира со тек на време ќе премине во хронична реакција со оштетување на меките ткива, повлекување на непцата, појава на периодонтални џебови, загуба на коска и најверојатно загуба на заб.

Ваквите состојби може да водат кон болни поправки и одржувања во иднина што би резултирало со огромна финансиска потрошувачка и безброј поминати часови кај стоматологот во иднина.

Проблемите во оралната празнина најдобро е да се третираат во своите рани стадиуми.  Неправилно поставените заби кои не се третираат задржуваат бактерии кои можат да ги оштетат клетките во непцата и да ги нападнат крвните садови. Ова може да им наштети на клетките кои ги обложуваат вашите коронарни артерии, зголемувајќи го ризикот од срцеви заболувања, инфаркт или други слични заболувања.

Коректното позиционирање на вашите заби за соодветна поставеност и функција ќе спречи појава на проблеми во иднина и ќе направи значајна разлика во оралното здравје и зачувување на вашите заби за цел живот.

Консултирајте се со нашиот долгогодишен ортодонт и добијте го вистинското решение за Вашиот проблем. Започнете го патот кон подобрување на Вашето здравје денеска.